Капитенот на македонската ракометна селекција Филип Кузмановски летово ќе има кратка авантура во Кувајт, каде што ќе настапи на претстојниот Азиски шампионат.
Кузмановски ќе ги брани боите на Кувајт Клуб и ќе биде четвртото странско засилување.
Претходно, договор со клубот постигнаа Катарецот Франкис Марзо, Црногорецот Владан Липовина и португалскиот ас Виктор Итуриза.
Кувајт Клуб на претстојниот турнир ќе биде сместен во групата Б, заедно со Ал-Араби од Катар каде што тренер е Данило Брестовац, Ал-Најма од Бахреин, Ал-Калејџ од Саудиска Арабија.
Во првото коло Кузмановски и Кувајт Клуб ќе се судрат со Ал-Араби. Натпреварувањетo, кое што е налик на Лигата на шампиони, ќе се игра од 6 до 15 јуни во Кувајт.




