Задолжувањето од 260 милиони евра не е никаква тајна операција, ниту ад хок одлука, туку е дел од усвоениот буџет за 20216 година, изјави пратеникот Петар Ристески на седницата на собраниската Законодавно-правна комисија.

Тој истакна дека законот е доставен до Собранието, постапката е целосно во согласност со законите и транспарентна.

-Министерството за финансии контактирало 14 реномирани меѓународни банки, 8 банки доставиле понуди и по детална евалуација е избрана најповолната понуда според цена, структура и сигурност. Тоа е меѓународен конкурентен процес, а не политички договор. Сега истите тие што со години ја задржуваа државата без никаков резултат, го трошеа буџетските средства без да реализираат ниту еден проект, држат лекции за финансиска одговорност, вели Ристески.

Пратеникот нагласи дека овие средства се наменети за реализација на капитални проекти.

Во однос на лажните, како што рече Ристески, кодошења на СДСМ во европските институции, доаѓаат потврди преку извештаите од етаблирани меѓународни институции, од ЕУ, од Советот на Европа дека државата се движи во вистински правец.

-ПССЕ донесе одлука за завршување на мониторинг процесот кон Македонија, што претставува една силна верификација за емократијата и нивото на владеење на правото на меѓународна сцена. Мониторинг механизмите се тесно координирани со критериумите за проширување на ЕУ. Еуростат во изнесувањето за нивото на БДП, не’ рангираат како лидери во регионот со највисок раст на БДП со 3,8 проценти. Шест квартали последователно имаме раст на БДП повисок од 3,5 проценти. Сето ова зборува за добрите економски политики и вистинскиот правец по кој се движи Македонија, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Ристески го спомена и извештајот на ГРЕКО во кој се нотира најсериозен напредок од постоењето на Македонија во борбата противорганизираниот криминал и корупцијата. Нотиран е напредок во 17 од 23 препораки.

-Ова е најголема потврда дека се работи со чесна намера во борбата со криминалот, а не само декларативни заложби како што тоа се случуваше додека СДСМ и ДУИ беа на власт, посочи тој.

Последниот шамар, вели Ристески, за СДСМ од Европската комисија пристигна вчера.

-Официјално европските институции ја оценија Македонија како најнапредна во регионот во спроведувањето на обврските од реформската агенда во планот за раст за Западен Балкан. Како директен резултат на оваа позитивна оценка на Македонија и се доделени 65,7 милиони евра што претставува најголем износ доделен од оваа транша од земјите во регионот, нагласи Ристески.