Сакам само да ги предупредам македонските граѓани, претпоставувам атмосверата во опозицијата е спесифична, и како резултат на таа специфичност поекогаш имаме во текот на денот имаме различни ст6авови за една иста тема, а понекогаш дури и тие самите се доведени во ситуација да се демантираат во текот на денот, рече Мицкоски.
Фактите се, дека рековме од последни во Групата Западен Балкан 6 ќе бидеме први, се зафативме со жестока работа веднаш по завршувањето на локалните избори и еве веќе во оној јануарски извештај сме први, појасни премиерот.
-Сега следи јунскиот извештај, на крај од јуни. Имаме интензивна комуникација со г-динот Гертијан Копман, работиме сите портвоилија во рамките на владата и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и сега после јунскиот извештај и оние 30-тина, 31 милион кои нсе дирекна буџетска поддршка на крајот на годината да се приближиме до бројката 100 дирекна буџетска поддршка, истакна Мицкоски и додаде:
„Кога на тоа ќе се додадат и средствата, финансирањата предвидени за проекти, таа бројка ќе биде неколку стотици милиони евра и така продолжуваме во периодот кој што следи“.
Сите оние кои што се молат да не успее оваа Влада, на тој начин се молат да не успее и дажавата и граѓаните, за жал имам лоша вест за нив, ќе мора да сведочат на многу успеси кои што ги прави оваа Влада, рече премиерот Мицкоски.
-Се сеќавате како ликуваа кога излезе, за нив омилените бугарски медиуми, она интервју на известувачот Вајц, па потоа никаде ги нема тие глодари да излезат и да го коментираат интервјуто на господинот Вајц, кога јасно кажа дека има реформи коишто впрочем со овој извештај и Европската комисија го потврди. Се сеќавате ни велеа ќе доаѓал бран на мигранти, еве дојде мај месец, ќе помине и мај месец, они велеа од април, па нема ни мигрант, односно мигрант како резултат на оној договор со Обединетото Кралство. Се сеќавате минатата година водеа кампања само што не сме банкротирале, а ние денеска велиме дека и покрај сите предизвици во светот и во Европа, имаме успеси во македонската економија. И според растот на бруто домашниот производ сме во првите три, во првите пет во Европа, колку тоа и да наиде на потсмев кај одредени структури коишто јас ги нарекувам талог на ова општество, изјави премиерот Мицкоски.
Нашата цел е да се бориме за граѓаните и да го испорачаме тоа што сме го ветиле, вели Мицкоски.
-Но како и да е, целта на оваа Влада е да се бори за граѓаните, да го испорачува тоа што го ветила, истовремено да ги исправа сите оние погрешни политики коишто беа политики на ограбување, политики на грабеж, политики на понижување, себе омаловажување, коленичење. Тие политики оставија голема трага и за жал, ние ќе мора уште некое време да се позанимаваме сето тоа, коешто беше уништено 7 години Влада СДСМ и ДУИ да го коригираме и сега сме прилично успешни во тоа рече Мицкоски и порача:
„И затоа имам лоша вест за овие глодари коишто сѐ би дале оваа Влада да не успее и Македонија да не успее. Ќе мора да ги гледате успесите на Владата уште долго време, а наскоро и само пред малите екрани, бидејќи ќе бидете политичко минато“.




