За жал, по одлично завршената работа, Тулси Габард ќе ја напушти администрацијата на 30 јуни, ја потврди вечерва американскиот претседател Доналд Трамп, оставката на директорка на националното разузнавање на САД.

„На нејзиниот прекрасен сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностициран редок облик на рак на коските, и таа, со целосно право, сака да биде со него, помагајќи му да се врати на доброто здравје додека во моментов заедно водат тешка битка. Не се сомневам дека тој наскоро ќе биде подобар од кога било. Тулси заврши неверојатна работа и ќе ни недостига. Нејзиниот високо почитуван прв заменик-директор на националното разузнавање, Арон Лукас, ќе служи како вршител на должноста директор на националното разузнавање“, напиша Трамп на Трут Соушл објавувајќи го писмото со оставка на Габард.

Габард е четвртата жена на висока позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп која ја напушта својата функција во последните три месеци.

Министерката за труд, Лори Чавез-Деремер, поднесе оставка на крајот на минатиот месец по тврдењата за злоупотреби во нејзиното министерство.

Кристи Ноем беше разрешена од функцијата министерка за внатрешна безбедност во март, а Пам Бонди ја напушти својата функција како министерка за правда и главен обвинител помалку од еден месец подоцна.