Ули Хенес, јасно порача дека клубот Баерн Минхен нема намера да се раздели со Хари Кејн и Мајкл Олисе во текот на летниот преоден рок.
Во изминатиот период медиумите шпекулираа дека Барселона го гледа Кејн како идеална замена за Роберт Левандовски, додека Реал Мадрид покажува сериозен интерес за Олисе.
Во меѓувреме, медиумите во Шпанија пишуваат дека Жозе Мурињо е многу блиску до клупата на Реал, а Португалецот лично го следел финалето на германскиот Куп против Штутгарт, кое Баерн го доби убедливо со 3-0.
„Хари Кејн е најдобриот трансфер што некогаш сме го направиле.
Интерес од Барселона? Баерн е клуб што купува, а не продава. Освен тоа, Барселона нема пари“, изјави Хенес за германските медиуми.
Тој испрати јасна порака и околу иднината на Мајкл Олисе:
„Мурињо може да го гледа Олисе и со пет очи, но нема да го добие“, кратко и директно порача легендарниот функционер на Баерн.




