Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити во четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 103:82. Натпреварот се играше во Сан Антонио.
Центарот на Спарс, Виктор Вембањама беше најефикасен на натпреварот со 33 поени. Двоцифрени во победничкиот тим беа и Васел (13) и Касл (13).
Кај гостите најефикасни беа Гилџус-Александар (19 поени), Хартенштајн (12), Џо (11).
По оваа победа Сан Антонио израмни на 2:2 во серијата прв до четири.
Следниот натпревар ќе се игра на 27 мај во Оклахома Сити.




