Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го објави списокот од 26 фудбалери за претстојниот Мундијал, а најголемо изненадување претставува фактот што меѓу повиканите нема ниту еден играч на Реал Мадрид.
Повторно Реал Мадрид останува без свој претставник во шпанскиот национален тим на големо натпреварување, нешто што последен пат се случи и пред Европското првенство во 2021 година, кога тогашниот селектор Луис Енрике исто така целосно ги игнорираше фудбалерите на Реал.
Шпанија на Светското првенство ќе игра во група со Капе Верде, Саудиска Арабија и со Уругвај.
Покрај главниот список, Де ла Фуенте повика и неколку млади фудбалери кои ќе учествуваат во првиот дел од подготовките: Бернал, Хави Родригез, Хесус Родригез, Лео Роман, Гонзало Гарсија, Серхио Гомез, Јон Мартин, Бењат Туриентес и Хави Гера. Сепак, засега нема потврда дека некој од нив би добил место во конечниот состав во случај на повреда на некој од 26-те избраници.
Голмани: Унаи Симон, Давид Раја и Жоан Гарсија.
Одбрана: Педро Поро, Маркос Љоренте, Ејмерик Лапорт, Пау Кубарси, Марк Пубил, Ерик Гарсија, Марк Кукурела и Алекс Грималдо.
Среден ред: Родри, Зубименди, Педри, Микел Мерино, Фабиан Руиз, Дани Олмо, Гави.
Напад: Нико Вилијамс, Алекс Баена, Микел Ојарзабал, Феран Торес, Борха Иглесијас, Јереми Пино, Ламин Јамал и Виктор Муњоз.




