Малолетничка и две млади девојки на возраст од 19 и 20 години се повредени во сообраќајна несреќа.

Од полицијата информираат дека околу 14:20 часот добиле пријава дека на автопатот Скопје-Велес, на мостот после наплатна станица Сопот, автомобил се превртел на патот.

-Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобилe Л.Ќ. и сопатничките во возилото Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес, констатирани во Општа болница Велес, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител а увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес.