Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари.
Радев оди понатаму и вели дека дејци како браќата Миладиновци, основоположниците на словенската писменост, Светите браќа Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски се Бугари и се дел од бугарската историја.
Бугарскиот премиер, поранешен претседател, Румен Радев, го негира и македонскиот јазик, при што вели дека потекнува од бугарскиот и дека постои од 1945 година.
Ова не е сè. Радев го оспорува и негира и македонскиот идентитет, за кој, исто така вели, дека пости од 1945 и дека пред тоа сме биле Бугари. Кај што стигнал на јавен настап пред поголема маса на луѓе, Румен Радев не се воздржува, славната и надалеку прочуена македонска историја, да ја претставува како бугарска.
Потрагично од сето ова е што од домашните предавници, СДС, Зоран Заев и Венко Филипче нема осуда за ваквите настапи и јавни негирања, оспорувања и присвојувања на македонски национални обележја, херои, великодостојници, историја, култура. Иако сето ова се случувало и во периодот кога тие беа власт во Македонија.
СДС и Венко Филипче за негирањата молчат, но затоа, пак, се најгласни за прифаќање на бугарските ултиматуми. Филипче се претворил во пиун на Радев, на кој збор не смее да му врати, и специјален бугарски пратеник за спроведување на бугарската агенда.
Многу е очигледно дека, освен внесувањето на неколку илјади Бугари во устав не е ниту единствен ниту последен услов за евроинтегративниот процес, туку Бугарија има пошироки барања за Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.
Од друга страна, на виделина излегува тоа дека Филипче, исто како и Заев, за власт и за амнестија на криминалите, спремен е на нови национални предавства. Граѓаните имаат право да знаат какви се идентитетски и национални отстапки би следеле доколку СДС и Венко Филипче, повторно добијат можност да дојдат на државни позиции и да одлучуваат за државни работи.
На македонските граѓани им е доста од отстапки и ултиматуми. Тие остро се спротивставуваат на поданичката политика на СДС и Филипче, кои ги донесоа да бидат трета партија, со одвај 130 илјади гласа.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт и цврсто стои на овој став, кој граѓаните го препознаваат, се вели во соопштението на партијата.




