Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“. За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“ – посочуваат од министерството.

Од МВР соопштуваат дека посебниот режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, и гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров. Посочуваат дека доколку се процени дека има потреба – посебниот режим на сообраќај ќе се реализира и во сабота и во недела.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.