Советникот на иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „по трет пат прави предавство на дипломатијата“ со продолжувањето на поморската блокада наметната врз Иран.
-Како што беше предвидено, американскиот претседател по трет пат ја предава дипломатијата. Со продолжување на поморската блокада и претерување со преговорите, тој докажа повеќе од кога било дека не е преговарач и дека се стреми кон други цели, наведе Резаи на Икс.
Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, при што загинаа речиси сите високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Сејед Али Хамнеи.
Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со советниците за национална безбедност за договорот со Иран заврши ноќеска без одлука, по два часа дебата, изјави висок функционер на американската администрација за „Њујорк тајмс“.
Изворот на весникот рече дека договорот е сè уште блиску, но дека одредени прашања сè уште треба да се дискутираат, вклучително и одмрзнувањето на иранските средства.




