Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД се во „добра позиција“ да постигнат договор со Иран за прекин на војната и дека досегашните преговори биле „продуктивни“.
Сепак, тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да брза да склучи договор.
„Секој договор што претседателот е подготвен да го прифати, ќе го прифати само ако смета дека е одличен договор за нашата земја и за безбедноста на светот“, изјави Хегсет пред новинарите во Сингапур, каде што е на меѓународната конференција за одбрана „Шангра-Ла Дијалог“.
Тој, исто така, рече дека Иран „знае што треба да направи“ за да постигне договор со САД, пренесува Ал Џезира.




