Во рамки на оперативната акција „Пожар 2026“, полицијата спроведе превентивно-едукативна кампања на подрачјето на Сарај, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и „Национални шуми“, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за ризиците од шумски пожари и унапредување на безбедносната култура.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, за време на активноста било укажано на опасностите од предизвикување шумски пожари, особено при палење на отворен простор за подготовка на храна, фрлање отпушоци од цигари и други облици на невнимателно однесување.

Во рамки на кампањата, на присутните граѓани биле поделени едукативни материјали – летоци со препораки за превенција и заштита од пожари, со цел унапредување на јавната свест за безбедно однесување во природа.