Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии – најавува вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
– „Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг-летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе биде одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А од Скопје имаме две одлични летни дестинации, што ќе продолжат и по летото, но така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија, така што сме единствена држава што отвара нови летови – вели Николоски.
Дополнително, Николоски вели дека целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот, што значи дека поради добрата организација во Скопје, фунционираат и овие два аеродроми.
Фото: архива




