Бред Пит и Шарлиз Терон се сретнале минатата година за време на снимање на реклама за брендот Breitling.
„Пред околу шест месеци, тие снимаа заедно. Тие заедно го поминуваа времето”, вели извор за американски медиуми. „Но, што можело да се случи зад сцената, останува да се види”, додава тој.
Пит (55) и Терон (43) лани снимаа реклама за швајцарската компанија за луксузни часовници Breitling, заедно со Адам Драјвер. Компанијата објави во септември мал клип од рекламата на нејзината Фејсбук страница.
На 20 јануари, весникот „Сан“ излезе со напис дека Пит и Терон доживеале романсата за Божиќ. Досега актерите не ги коментираа овие гласини.
Што се однесува до тврдењето на „Сан“ дека поранешниот на Терон, Шон Пен, ги запознал, изворот за „Пипл“ вели дека „тоа не може да биде попогрешно“.
Американските медиуми пишуваат дека Анџелина Џоли не ја поднесува Шарлиз Терон.