Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување.

Тој во поткаст на „Њујорк пост“ изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран.

– Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа, посочи Трамп.

Тој негираше дека Иран има предност во судирот.

– Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку војници. Немаат лидерство, воопшто немаат … Нивната економија се урива. Нивната инфлација е 250 проценти. Што лошо можете да замислите, тие го имаат, наведе Трамп.

Според него и блокадата на Ормуска Теснина набрзо ќе биде решена, додавајќи оти САД имаат „многу голем воен успех во Иран“.