Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

Странски високи функционери ќе почнат да ја избегнуваат Македонија. Чуму, се прашувате? Па, за да не бидат мизерно алиби за Филипче и бандата, за да не врескаат автошовинистичките ќелепури дека поради фактот што истиот светски политичар ќе каже ВНЕСЕТЕ БУГАРИ ВО УСТАВ, власта демек за да ја засени пораката – „под хитно“ и „оком-скоком“ ќе затвори некој криминалец од СДС. Колку и да звучи глупаво, за дефокус на нешто што секој нормален македонски граѓанин знае дека ќе го кажат? Нешто што ги боли само СДС, а ни Радев не е толку засекиран ради тоа…

Ви текнува, она што деновиве ајваните го измајмунисаа со Богац, кога со сиот ум излегоа со став дека не бил тој виновен за ништо, КРИВ да ти бил Антонио Кошта кој го кажа она што и врапчињата го знаеја во Македонија. А тој кажа, поочекувано здравје, „Бугари во Устав се услов за преговори, вие (читај Заевци) се обврзавте на тоа“. И отиде Богац јабана, уставна колатералка…

Значи, не Кошта, Бугарите да ти биле криви што Стефан „свиреше клавир“ и доби притвор?! Па, да ги внесевме милите ни соседи во Устав со песна, Богац ќе си беше на слобода ли? Арно ама, оние „лошковците“ од МВР и Јавното обвинителство што ги мразат СДС му „измислија“ дека му лепело рачето и врз основа на „непосточеки“ докази му одредија 30-дневен притвор, нему и на други тројца, меѓу нив и криминалецот и финансиер на СДС од Прилеп. Ах, тој Кошта, бељаџија низаеден, ради кој есдесовците не можат на раат да си ги трошат украдени народни парички. Не е убаво ова што им го прави Антонио, нели? Не е фер, ама ич…

Заобиколувањето на Македонија од светските политичари , меѓу другото, ќе биде двојна добивка за СДС. Прво, ќе бидат раат дека нема да ги затворат за тешката апашаана и арамилак кои ги правеа цели 84 месеци и второ, така ќе можат со право да речат дека Македонија е ИЗОЛИРАНА земја, еден од нивните најинфантилни наративи во изминатите месеци. Нејсе што тие нема да доаѓаат само за да ги спасат криминалците од СДС од она што им следува. Две муви со еден комуњарски удар.

Затоа што, поинаку, замислете само што ќе им се случува. Доаѓа Марта Кос, опааа, отиде во ќорка Путерот. Дошол Мерц, замина на свирење клавир Вице. Ни слетал Вајц, на музичка академија заминал и Венко. А, за „пораката“ на Фон Дер Лајен нити СДС стопанот Црпко Муртински не ќе куртули. Не Трамп па ако го каже тоа за Бугарите, топ-тан цела СДС врхушка отиде во Шутка. Колку „уставни“ политичари ќе минат низ Македонија, толку есдеесовци ќе завршат во апсаана, барем, според луцидниот и ступиден наратив на СДС.

Знаете во што ќе биде реалниот проблем?

Па, ЕУ И ЕК немаат толку еврокомесари, пратеници и други функционери,  колку што криминал имаат сторено бандитите од СДС и ДУИ.

Брисел ќе мора да ги пушта во официјална посета и портирите, чистачите и персоналот од зградиштата на Комисијата и Европарламентот за да се изедначи бројот на апашлуци од СДС и посети на ЕУ делегации кои во филм на Рамбо Амадеус „едно те исто“, ко расипана плоча ќе верглаат „Внесете Бугари во Устав, па преговори“.

Не е битно што сме  најдобри во реформскиот процес, во хармонизации, нити што преговараме 21 година, уште помалку што она копитата северџански и име сменија заради тоа.

Имаме проблем.

Не, некој друг има проблем со тоа.

Македонци сме.

И, ќе останеме…

За Курир.мк