Вистина е дека младите си заминуваат од Македонија, секој трет млад човек размислува да се исели од државата затоа што не гледа перспектива. Младите немаат пари да купат стан и да го започнат својот самостоен живот, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Платите не се доволни за достоинствен живот, а трошоците растат секој ден.
СДСМ има решенија за младите, во новата платформа нудиме шанса за секој млад човек.
-5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.
-Укинување на данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан.
-Станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години.
Е тоа е правда. Младите да купуваат домови во Македонија, а не еднонасочни билети за странство.
Затоа што праведно е да добијат држава што ќе им даде шанса.
Твоја држава – твоја шанса.
Лин до видеото : https://youtu.be/l4u278KWd0w?si=sTGpogKWmowyEMPk




