Новиот бугарски министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека земјата повеќе нема да и испрорачува оружје на Украина.
На денешната прес-конференција, на која ги претстави приоритетите во работата на ресорот и неговиот кабинет, Стојанов изјави дека „војната во Украина нема да се реши на бојното поле“, и дека тоа е конфликт со статични фронтовски линии, пренесува Софија Глоуб.
„Гледаме позициска војна и без оглед на тоа колку оружје е акумулирано, единственото нешто што се постигнува е загуба на човечки животи“, рече министерот.
Тој додаде дека е време страните во конфликтот да седнат на преговарачка маса и да постигнат „праведен мир“, како и дека улогата на Европската Унија во тој процес е „исклучително важна“.
„На Украина ѝ требаат повеќе луѓе, а не повеќе оружје. Има доволно оружје, па затоа не мислиме дека ќе обезбедиме повеќе оружје за украинската армија“, рече Стојанов.




