Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека во завршна фаза е постигнувањето договор со Иран за завршување на војната во Персискиот Залив.

– Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор – објави утрово Трамп социјалните мрежи.

Тој додаде дека договорот би можел да се постигне во рок од два до три дена.

Трамп го потврди падот на американскиот хеликоптер во близина на Ормуската Теснина наведувајќи дека пилотите се добро.

„Њујорк тајмс“ доцна синоќа објави дека американскиот хеликоптер „апачи“ се урнал во близина на Ормуската Теснина под необјаснети околности.