Вистината е дека граѓаните денес живеат многу тешко. Цените растат секој месец, храната станува луксуз, а платите не успеваат да го следат поскапувањето. Вистината е дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно само за основните животни трошоци, односно речиси три минимални плати. Вистина е дека нема 600 евра минимална плата, работниците создаваат вредност и профит, а нивните плати остануваат најниски во Европа – истакна потпретседателката на СДСМ и екс министерка, Јована Тренчевска, на прес-конференција што ја објавуваме интегрално.
Вистина е дека пензионерите секој ден се соочуваат со повисоки трошоци, додека нивниот животен стандард опаѓа.
Вистината е дека Владата на Мицкоски ги излажа граѓаните и ги остави сами во време на економска криза, без мерки за стандардот.
СДСМ во програмата „Твоја држава – твоја шанса“ нуди конкретни решенија и политики кои ја враќаат социјалната правда и економијата и го ставаат човекот пред профитот.
Правда е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Тоа е една од нашите мерки.
Поголеми плати кога компаниите имаат поголем профит – воведувавме принцип според кој ако расте профитот на компанијата, мора да расте и платата на работникот.
Правично е ако расте профитот на компанијата, да расте и платата на работникот. Трудот мора да биде вреднуван, а успехот правично распределен.
Државна поддршка за повисоки плати – намален данок на добивка или субвенционирање на придонесите за компаниите што ги зголемуваат платите.
Праведно е државата да ги стимулира компаниите што ги зголемуваат платите, наместо да ги наградува оние што заработуваат на грбот на работниците.
Правда е пензиите да растат и да обезбедуваат достоинствен живот. Затоа предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат.
Сојуз за достоинство и заштита на работниците и ранливите категории, признавање на студентскиот стаж, заштита на хонорарците и сезонските работници, дигитален пасош за работникот, како и додаток за домување и покриени трошоци за градинка за самохраните родители.
Тоа се нашите вредности преточени во конкретни решенија.
Достоинствен живот за работниците, сигурност за пензионерите и поддршка за ранливите категории граѓани.
Секој работник да биде заштитен, секој работен стаж да биде признаен и никој да не остане без своите стекнати права.
Затоа што достоинствениот живот не е привилегија. Тој е право.
Твоја држава – твоја шанса!
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=sQsWmCXfsaI
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ




