Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 јуни, објави Експрес.
Како што објави порталот, блокадата која ќе трае два часа е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија. Најавено е блокирање на Деве Баир, Делчево и Ново Село, а протестот бил координиран со МВР на Бугарија.
„Дојдете оваа недела од 11 часот на една од трите гранични точки со Македонија за заедно да ја блокираме границата со Македонија два часа. Целта е демонстративно да му се покаже на (Христијан) Мицковски дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјата“, стои во најавата.
Нашата цел е да му покажеме на Мицковски дека не може да продолжи со репресиите, се вели во продолжение од најавата.
„Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме два часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари“, повикува фондацијата Македонија, која, како што пишува Експрес, има блиски врски со тајни служби на земја која не е дел од НАТО.




