Во Европарламентот бугарските пратеници не зборуваат за напредокот на Македонија, за промена ни за историјата. Главна тема е палежот на возилата пред нивната амбасада во Скопје, сомнително снимен уште пред да се случи. Да не заборавиме, ова се случи два дена пред ДЕБАТАТА ЗА ПРОГРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕП?
Во дикусијата на бугарските европратеници, нашироко пренесена од бугарските медиуми, доминира случајот со запалените возила во Скопјe и заштитата на „правата“ на Бугарите во Македонија.
„Мора да има цврст одговор од ЕП на палењето на бугарските дипломатски возила во Македонија”, побарал бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за време на дебатата.
„Мојот говор денес веројатно ќе започнеше поинаку, ако не беше палењето на бугарските дипломатски автомобили во Скопје. И ако ми кажете дека тоа е уште едно кривично дело, сакам категорично да ви одговорам: ова е недозволиво посегнување врз имот на суверена држава, членка на ЕУ“, нагласил Ќучук.
Европратеникот Андреј Ковачев, познат по антимакедонските испади, изразил „жалење“ што „Македонија се самоблокира, барајќи ‘креативни’ решенија за да не ги исполни преземените обврски”.
„Недозволиво е вината за недостигот од напредок да се префрли врз Бугарија. Оваа политика поттикнува јазик на омраза, нетрпеливост и дискриминација кон Бугарите, што е неспоиво со европските вредности. Палењето автомобили на бугарската амбасада во Скопје е тажен чин, кој е резултат на омразата што ја сеат политичари, медиуми и мрежи на влијание од други држави”, оценил националистот Ковачев.
Дали со ова се откри мотивот за палежот од ликот „кој седел дома, се изнервирал заради лошото паркирањее, та дошол и ги запалил“, снимен во кадар со чекање и следен со камера од внатрешноста на амбасадата?
Ивор: Курир




