Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро рече дека наредил „ревизија“ на дипломатските односи со САД и дека тие мерки ќе ги објави во текот на денот.
Мадуро тоа го нагласи одговарајќи на изјава на американскиот потпретседател Мајк Пенс кој даде поддршка за опозицијата во Венецуела.
Пенс го нарече Мадуро „диктатор кој нема легитимитет да биде на власт“.