Следната рунда либанско-израелски преговори ќе се одржи од 23 до 25 јуни во Вашингтон, соопшти денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, Томи Пигот.

Според него, договорот за одржување на разговорите бил постигнат по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и либанскиот претседател Жозеф Аун.

Рубио, исто така, повеќепати ја повторил неопходноста од разоружување на Хезболах и ја потврдил американската поддршка за напорите на либанската влада за создавање „целосно суверена либанска држава која живее во мир со сите свои соседи“, се наведува во соопштението. (МИА)