Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија е фашистичка, посочи во „За или против“ на Алфа поетот Ефтим Клетников.

– Има аргументи за тоа, затоа што тие учествуваа во геноцидот на својот народ што се вика идентитетски геноцид. А, идентитетската смрт, јас го цитирам Луј Вансен Тома кој во „Антропологија на смртта“ децидно вели дека тоа е најстрашната смрт од сите видови на смрт. Не само тој, тоа го тврдат сите антрополози. Зборувавме за тоа, со тоа ти се укинува меморијата, ти си ставен во позиција на некој кој не знае од каде дошол, зошто си тука и каде одиш, изјави Клетников во интервју со Љупчо Цветановски.

-Така што, ова што сега го говори Филипче и неговите трабанти, каде што за жал има и некои универзитетски професори, јас ги жалам студентите затоа што не знаат 5-6 реченици со убава синтакса да состават, она што во картезијански стил Декарт вели „мислам значи постојам“, што значи добро да се изразуваш, да мислиш со убав јазик и убава синтагма, тоа се луѓе за кои не знам како немаат срам, да не се појавуваат со такви искази. Тоа е жално да видиш такви празни луѓе, не без визија, тие и не знаат што е тоа визија.

Има еден сјаен австриски автор, Роберт Музил, и тој има еден роман „Луѓе без својства“, ова се токму луѓе без својства. Без својства, не само без карактер, туку и без битие, без поширокото, им го препорачувам да го прочитаат тој роман, иако, реално, за нив не треба ниту да се зборува.

Мислам дека е жално тоа што и членството нивно е исто зомбирано, и жално е што во време на ликвидацијата, кога се ликвидираше идентитетски македонскиот народ, еден од нив не се најде да излезе,  јавно да крене рака и да рече НЕ, потенцира поетот и есеист Клетников.