Ким Џонг-ун изјави дека статусот на Северна Кореја како нуклеарна држава е единствениот начин земјата да се справи со непредвидливата и сложена глобална безбедносна ситуација.

– Континуираното проширување и зајакнување на нуклеарните сили и целосното користење на статусот на држава со нуклеарно оружје се најправилниот и единствен начин за активно и самоуверено справување со непредвидливата меѓународна воена и политичка ситуација која станува сè покомплицирана во многу погледи, наведе Ким.

Според него, „незамисливи и изненадувачки инциденти и настани“ низ целиот свет се случуваат поради „гангстерската“ алчност на хегемонистичките земји, при тоа ги обвини САД за продлабочување на крвопролевањето во Европа и Блискиот Исток.

Додека за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, Ким ги обвини САД и Јужна Кореја, кои според него, имаат единствена цел да ја нападнат Северна Кореја.

Ким, исто така, нареди зголемено производство на конвенционално оружје и забрзана изградба на ракета крстосувач од 10.000 тони, што ќе може да носи стратешки наведувани ракети.