Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена кај својата мајка срна.

Хуманите акции и активности на вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ се секојдневие, а овој пат успеаја да спасат мала срна и да ја вратат во шумите на планината Баба.

Фото: ЈУНП „Пелистер“ Битола