Профилот „Улични тероризери“ објави снимки од мотоциклисти кои дивеат возејќи на едно тркало низ Скопје. На прoфилот досега веќе се објавени неколку такви видеа од дивеење.

Во последната објава „Улични Тероризери“ ја спомнува објавата на медиумот „Експрес“ кој претходно напиша дека граѓаните споделуваат вакви снимки барајќи да се казнат.

Снимките го привлекоа вниманието на јавноста откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно на прес-конференција во мај дека ќе ги запре оние што глумат Ф1 на улиците и дека камерите од „Сејф сити“ го детектират нивното движење.