Голема семејна трагедија го погоди аргентинскиот дефанзивец Лукас Трехо откако неговата сопруга Џанин Маранела и нивните две мали деца, Арон и Аињоа, загинаа во катастрофалниот земјотрес во Венецуела.
Со денови, спасувачките екипи неуморно копаа низ тони бетон од урнатата станбена зграда, но потрагата заврши со откривање на телата, со што се стави крај на сите надежи за добри вести.
Епицентарот на уништувањето беше во областа Плаја Гранде, каде што повеќекатната зграда каде што живееше семејството на фудбалерот беше срамнета со земја за само неколку секунди. Од самиот почеток на катаклизмата, тие беа исчезнати, а веста за трагичниот исход официјално ја потврди клубот на Трехо, Депортиво Ла Гваира, преку своите канали.

Во времето на земјотресот, тој беше со тимот во Каракас, а по враќањето во Ла Гваира, се придружи на спасувачките екипи и лично учествуваше во потрагата по своето семејство.
Јавноста беше особено потресена од неговиот апел објавен на социјалните мрежи, заедно со фотографии од неговата сопруга и деца.
– Нашата зграда во Плаја Гранде се урна. Не знам ништо за моето семејство. Ве молам, молете се за нив и споделете ја оваа порака ако некој ги видел – напиша Трехо.




