Не се само Венко и Зоран вљубеници во Дубаи. Има и други, познати ликови од стари теленовели. Повеќе од три децении по успехот на култната теленовела „Касандра“, Кораима Торес и Освалдо Риос познат како „Игнасио“ повторно се појавија заедно на јавен настан. Фотографиите од Дубаи ги преплавија социјалните мрежи и разбудија спомени кај милиони гледачи.

Нивната средба во Дубаи веднаш стана хит на социјалните мрежи, особено во земјите каде што „Касандра“ има култен статус.
Фотографија што врати цела генерација назад
За многумина ова не беше обична средба на двајца актери. Новите фотографии ги потсетија гледачите на периодот кога љубовната приказна на Касандра и Игнасио ги држеше пред телевизор милиони луѓе ширум светот.
Иако двајцата продолжија со успешни актерски кариери, ретко се појавуваа заедно на јавни настани.




