Силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и град има во повеќе делови од Македонија.

Интензивни поројни дождови со силен ветер има и во Скопје.

Видео плејер

00:00
00:11

Според УХМР, во околината на Градско има јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Невреме има во скопската Котлина со појава на град. Поинтензивни процеси има и во околината на Демир Хисар.

Во Полошкиот регион има наместа јак пороен дожд и појава на град.

Видео плејер

00:00
00:17

Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

По завршувањето на нестабилниот период следува стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.