СДС и Венко Филипче ги нарече КВИСЛИНЗИ и е во уплав од новата фракција која се претстави како платформа „Разговори за иднината во 12:05“, составена од 28 поранешни и актуелни СДС пратеници и функционери, аналитичари и дисиденти, претставена како демократска платформа за подигнување на нивото на општествената дебата, пишува Курир.
Во платформата учествуваат: Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Горан Стојковски – Диро.
Како што самите платформисти изјавија – „Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, другата група се гласни актуелни опозициски вршители на јавни функции и третата група се истакнати припадници на различни генерации на СДСМ. “
Поради ова, веќе СДС две недели не спие и прави катадневни прес-конференции ПРОТИВ оваа ПЛАТФОРМА и своиите 28 извикани екс функционери и членови, дел и демек независни – со целоживотна акриера во бранење на СДС.
Пулените на Венко Филипче ги накудија и наклеветија дека ја создала ВМРО-ДПМНЕ и лично премиерот Мицкоски.
И денеска, 15-ти пат по ред не промашија да удрат по довчерашните сопартијци. Од СДС свикаа:
„Најавената „платформа“ за разговори за иднината е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција.
Прво, не се знае кој стои зад неа. Нема име на организатор, нема транспарентност, сè се одвива под Chatham House правила.
А кога ќе се погледне што се случило на првиот состанок, станува јасно: зборуваа за „обединување на опозицијата“, а прва точка и заклучок на средбата беше напад врз СДСМ.
Мицкоски уште на крајот на минатата година ја најави оваа платформа.
Први промотори беа Јован Деспотовски и Петре Шилегов – како нова верзија на ЗНАМ 2.0. Кога не успеа да ја урне СДСМ одвнатре, сега ги обединува отпадниците од СДСМ за да ја напаѓа однадвор.
Единствениот проблем е што веќе еднаш ги излажа своите гласачи и ги измами гласачите на СДСМ со ЗНАМ.
Сега, повеќе такви работи не поминуваат. Граѓаните не се наивни.
Единствената вистинска опозиција се СДСМ и слободните граѓани, обединети околу Фронтот за вистина и правда.
Сѐ друго е фејк“, викнаа од СДС уплашени до новата ПЛАТФОРМА.
ОСТАНУВА 28-те извикани екс и актуелни членови СДС кои екипата на Венко Филипче ги нарече КВИСЛИНЗИ, а тоа се Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Горан Стојковски – Диро, ДА ОДГОВОРАТ НА КЛЕВЕТИТЕ И ОБВИНУВАЊАТА на екипата на Венко Филипче.
Јавноста ги познава, нема да им останат должни…




Извор: Курир




