Седумнаесетгодишно момче од Мисури подигна обвинение против родителите бидејќи го крстиле Гејлорд. Тинејџерот страдал многу за време на детството бидејќи се подбивале со него заради името.
Гејлорд Вилијамс е од мал град во државата Мисури. Ги суди Дејв и Керол Вилијамс за тоа дека намерно му го направиле животот неподнослив откако го крстиле со „застарено и штетно име“.
Гејлорд пред судот рекол дека смета оти е непосакувано дете и родителите го крстиле намерно така за да биде „жртвено јагне“.
– Неколку пати ми кажаа дека сум непосакувано дете и сум им го упропастил животот. Кога татко ми е пијан дури си признава дека ме крстил така за да ми го упропасти животот како што јас сум го упропастил неговиот, вели Гејлорд.
Поради трауми досега бил двапати во болница. Гејлорд се обидувал дватати да си го смени името досега, но не добил полномошно од родителите.
Мајка му и татко му негираат обвинувања и велат дега многу го посакувале тоа име. Тоа е прв таков судски случај во САД.