Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник на Општина Струга, денес беше продадено за 22.000 евра, со што се намалува јавниот долг на нашата општина, информира Општина Струга.
Од таму додаваат дека возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација.
-Овој пристап, насочен кон намалување на трошоците и јавниот долг, ќе ни помогне во наредните години да создадеме услови за уште поголем развој на Општина Струга, посочуваат од Општината.




