Во рамки на теренските активности кои го одбележуваат работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, генералниот секретар Горан Минчев, денес оствари работна посета на Општинската организација во Охрид, активност која се реализира како дел од поширокиот караван „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија, се наведува во соопштението на ЗНАМ.
На состанокот со Извршниот одбор во проширен состав беа дискутирани актуелните организациски прашања, динамиката на реализација на програмските активности, како и приоритетите за натамошно јакнење на внатрешната кохезија и функционалност на движењето.
Посебен акцент беше ставен на доследната имплементација на одлуките на Централниот одбор, со фокус на изборните постапки за делегати и процесот на номинирање кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, како дел од стратегијата за поширока вклученост и кадровско освежување.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со засилена политичка активност, конзистентно присуство на терен и постојан дијалог со членството и граѓаните, со цел унапредување на внатрешната кохезија и операционализација на одлуките на Централниот одбор, велат од ЗНАМ.




