Заврши третиот ден од расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања.
– Овој документ значи нови инвестиции, проекти, економски раст и подобар животен стандрад за граѓаните. Парите мора да се враќат кај народот преку инвестиции. Затоа со ребалансот се обезбедени преку 41 милијарда денари за развојни програми – училишта, болници, железница, енергетски проекти,… Ние инвестираме, зашто секој денар вложен во капитални проекти носи нови работни места, дополнителна економска активност и развој. Овој ребаланс значи приспособување кон реалните потреби и обезбедување средства таму каде што се најпотребни, овозможува редовна ипслата на плати, пензии, поддршка на стопанствто, земјоделски субвенции,… Ние не ветуваме развој, туку го финансираме, не ветуваме инфраструктура, туку ја градиме. Државата има јасен правец – стабилни финансии, растечки приходи и Влада што работи. Ребалансот е реален, одговорен и развоен, создава предулсови за натамошен ек раст, нови инвестиции и подобар животен сдтандард. Да продолжиме да градиме силна економија и да работиме во интерс на граѓаните, истакна Александар Јамалов од ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот сопартиец, Жан Дрвошанов, се осврна на опозициските обвинувања, дека ребалансот се носи зашто државната каса е празна.
-Не е точно дека се прави ребаланс зашто нема пари, како што вели опозицијата. Апелирам граѓаните да бидат мирни и спокојни, да не потпаѓаат на вакви паушални констатации. Оваа Влада покажа дека се грижи за својот народ и дека домаќински управува со финансиите. Ќе има сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите за живот, рече тој.
Тој воедно порача дека и покрај сериозните економски пореметувања на глобално ниво, нема драстични отстапувања од првичните проекции на основниот Буџет.
Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, го закажа продолжението на седница за утре, во 11.30 часот. Утре треба да почне амандманската расправа по предложените 224 амандмани.
МИА




