Полицијата вчера попладне на подрачјето на Центар ги лиши од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“,

-Лицата се сомничат дека на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени, велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.