Русија развива нови системи за електронско војување за неутрализирање на сателитските платформи „Старлинк“ на линијата на фронтот, објави „Ројтерс“. Тоа е сателитски систем што го произведува и разбива компанијата на Илон Маск.
Според украинските команданти и пилоти на беспилотни летала, руските вооружени сили распоредуваат моќни уреди за попречување на сателитски сигнали во близина на градовите и воените објекти за да ги прекинат сателитските комуникации што се користат за контрола на беспилотни летала со долг дострел.

Според Украинците, системот „Волна Купољ Гарант“ емитува сигнал доволно силен за да ги дестабилизира комуникациите на „Старлинк“, кои долго време се сметаа за речиси непробојни, на површина од околу 20 квадратни километри.




