Политичката криза во Венецуела каде опозицискиот лидер поддржан од САД се самопрогласи за вршител на должноста претседател на државата, „нема да заврши на мирен начин“. Тоа го изјави бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.
Тој додаде дека Бразил во моментот е „на граница на тоа што може да направиме за да се обнови демократијата во таа држава“.
Бразил беше една од првите држави по САД кои го признаа претседателот на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо, откако се прогласи за привремен претседател на државата. Декларацијата поддржана од Аргентина. Канада. Чиле и Перу и уште шест држави од регионот, но отфрлена од Русија, Куба, Никарагва, Мексико и Боливија предивика стравувања дека Венецуела може да навлезе во тешка криза проследена со насилства.