На 17.07.2026 во 19:40 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „137“ во Гостивар, додека С.А. (38) од с.Чегране изведувал работи со работна машина – багер, машината се превртела, при што тој се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, велат од полицијата.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.