Вооружените сили на САД испратиле дополнителни војски во Сирија за да ги обезбедуваат тамошните нивни сили при повлекувањето, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори во Пентагон.

Не се прецизира колку војници се испратени, но најверојатно станува збор за пешадиски единици кои ќе помогнат при повлекувањето. Тоа било потребно бидејќи бројноста на американските сили е намалена и може лесно да бидат цел на напади од терористи.

Од Пентагон не објавуваат официјално колкав е бројот на американските сили во Сирија.

Во декември американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги повлекува американските сили од Сирија која од 2011 година е во граѓанска војна. Дополнителните сили се испратени таму за да гарантираат безбедно повлекување на американскиот контигент.