Полициски службеници од ОВР Делчево вчера околу 15:05 часот го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско.
-При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, велат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.




