„Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории на граѓани“ , изјави денеска од Гостивар „лидерот“ на СДСМ, Венко Филипче.
Тој, како што објавува Курир денеска во ролја на Јеховин сведок тропал по вратите на сопартијците од Гостивар во мисија да не пропушти да ја политизира маката на граѓаните, па стокми и популистичка прес-конференција на која „постави“ и неколку прашања до институциите, меѓу кои и „чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар“.
Филипче, свесен за нивото на она што го прави, потсвесно самиот јавно се вадеше дека посетата на Гостивар немала за цел да го политизира прашањето, туку, како што самиот рече, имале за цел да „им помогнат на неколку категории граѓани“.
– Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, а тоа е правото на здравје и во тој контекст е и здрава, питка вода, рече Филипче кажувајќи го она што сите го знаат, „лидер“ кој соочен со внатрешниот раскол и распад во СДС не можеше да ја пропушти шанста да ќари некој глас, или барем, да се обиде.
Инаку, тој можеше и сам многу лесно да си го одговори политикантското прашање: „Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар?“, чиј одговор го знаат и врапчињата во Македонија.
Одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар е на локалните власти под чија ингеренција е водоводот и градскиот ЈП „Комуналец“ кој го раководи овој есенцијален сектор и кои со сиот ум го „засилувале притисокот“ преку базен со вода кој не бил заведен никаде, лица под директорската палка на првиот човек на установата избран од актуелниот градоначалник, кој пак беше избран со гласовите на ДУИ, партијата на Таравари и СДС.
Ова би бил најкусиот одговор до ликот кој со „неколку пакети помош“ дојде да собира евтини политички поени.
Одговор кој Филипче веќе го знаеше…
Извор: Курир




