Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека кризниот штаб е ставен во функција и дека екипите ќе бидат присутни на терен за интервенција доколку има последици од невремето.

-Во моментов Општина Ѓорче Петров е зафатена од силно невреме. Кризниот штаб е активиран, а општинските екипи веќе се на терен и работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта, објави тој.

Ќе останеме целосно мобилизирани и присутни на терен за брзо справување со сите евентуални последици.
За пријавување несакани ситуации, активен е телефонскиот број: 070 298 508 – Даниел