Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош.

-Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на настаните, нагласува Клековски.

Тој додаде дека денеска во 12:30 часот ќе се состане Управувачкиот комитет за кризни состојби за да се усвојат плановите на она што е договорено во текот на вчерашниот и денешниот ден.

-Сметаме дека здравствената состојба е веќе целосно под контрола и во смирувачки тренд. Сега фокусот е на ставање на гостиварскиот водовод во употреба, вели министерот за здравство.