На 21.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од с.Волково, скопско и патничко возило, кое го напуштило местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.