Брод со 11 европски туристи и двајца членови на екипажот, исчезна во близина на заливот на индонезискиот остров Сулавеси.
Индонезиските власти соопштија дека е почната потрага по бродот, кој испловил од островот Танџунг Унауна во петокот наутро и се упатил кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал како што било планирано.
На бродот имало еден чешки државјанин, еден Белгиец, пет холандски државјани, тројца Германци, една Французинка и двајца индонезиски членови на екипажот.
Десетици екипи за пребарување и спасување ги бараат исчезнатите, покривајќи површина од околу 300 наутички милји во заливот Томини и неговата околина.




