На 24.07.2026 во 23:10 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ со ул.„Ристе Секирчанец“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.К.(44) од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „шевролет” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,40 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.




