Неделава, на тврдината Спотруп во Данска се одржува Светското првенство во средновековни борби, на кое ќе учествуваат речиси 600 натпреварувачи од 30 земји. Станува збор за мешани боречки вештини во организација на Меѓународната федерација за средновековни борби. За првпат овој настан беше организиран во 2014 година, во Шпанија.
Натпреварувачите настапуваат во целосни оклопи, користејќи мечеви, секири и штитови од 14 век. И покрај големата заштита, постои ризик од повреди. За нивна безбедност се грижат обучени судии.
Светското првенство во бухурт, кое започна во четвртокот ќе трае четири дена. Се состои од поединечни дуели составени од две рунди, во траење од една минута.
По три падови на земја, борецот ќе биде отстранет од игра или доколку сам се предаде. Доколку не се почитуваат правилата за игра, судијата го одредува победникот врз основа на освоените бодови.
Во рамките на првенството се одржуваат и групни борби, со по десет натпреварувачи. На шампионатот има натпреварувачи од САД, Канада, Кина и Бразил.
Фото: Јутјуб- принтскрин




